Струмичанецот Зоран Андонов е ново засилување на АП Брера од Струмица.
Андонов ги напушти редовите на штипска Брегалница и веќе се приклучи на подготовките на струмичани за вториот дел од првенството. 23-годишниот Андонов кој игра на левата крилна позиција, за штипјани оваа првенствена сезона одигра 12 натпревари при што постигна еден гол и во два наврати беше асистент за реализација.
„Ми преставува големо задоволство што по неколку сезони повторно се враќам во Струмица и сега ќе бидам дел од Брера. Срекен сум што сум овде и се надевам дека ќе прикажам добри игри задно со тимот за да ја исполниме целта за вториот дел од првенството на задоволство на љубителите на фудбалот од Струмица“ – истакна Андонов.
Андонов својата кариера ја почнува во Беласица по штo настапуваше и за Кит Го Пехчево и Детонит Плачковица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

