Битолскиот второлигаш Пелистер се раздели со досегашниот тренер Дарко Крстески, а за нов стратег е именуван Зоран Штерјовски кој доаѓа на кормилото на „зелено-белите“ со мисија да го внесе клубот во елитата. Крстески не го „преживеа“ поразот од Вардар Форино (3-2) и раководството му се заблагодари на соработката.
Штерјовски ќе дебитира на мечот од Купот на Македонија в среда против Работнички во Скопје, а негов асистент ќе биде Димитар Капинковски.
Интересно е дека дојде до промена на тренерската позиција иако Пелистер е на првата позиција на табелата во Втората лига Запад со 20 бода, два повеќе од Лабуништа и три од Велазерими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА