Зорја како лесен тренинг за Рома – „волчицата“ е во следната фаза на КЛ

Фудбалерите на Рома стигнаа до третата победа во Конференциската лига откако славеа со убедливи – на домашен терен против украинскиот претставник Зорја во 5. коло од третото по ранг фудбалско натпреварување во Европа.

Рома до предност стигна уште во 15. минута преку Перез, во 33. стрелаше и Заниоло, а Веретут не успеа во 41. минута од белата точка да донесе 3-0. Сепак истото се случи во 46. минута од второто полувреме кога стрелаше Абрахам, а Англичанецот стигна и до својот втор гол во 75. минута со кој го постави и конечниот резултат.

Со оваа победа Рома го осигура своето место во следната фаза од Конференциската лига, а во последното коло може да дојде и до лидерското место во групата „Ц“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...