Зорман на клупата на Кјелце како асистент на Талант Душебаев

Прославениот словенечки ракометар, Урош Зорман (38) ја завршува играчката кариераи од следната сезона ќе му биде помошник на Талант Душебаев на клупата на Кјелце.

Словенецот долго го одложуваше своето повлекување од теренот, а според полските медиуми, тој имал понуда да ја продолжи кариерата во Франција, но одлучил да остане во Полска и да влезе во тренерски води на клупата покрај Талант Душебаев.

Урош Зорман е еден од трите легенди на клубот кои летово ставија крај на својата кариера. Покрај Зорман, последниот натпревар за Кјелце го одиграа и Славомир Шмал и Карол Бјелецки.

Се вчитува...