Зорман пред Хрватска: Треба да останеме пријатели и по мечот…

Хрватска и Словенија утре ќе ги одмерат силите во клучниот дуел од главната фаза, во која и на двете селекции им е неопходна победа ако сакаат да ги задржат шансите за полуфинале.

Словенечкиот селектор Урош Зорман во пресрет на овој дуел со огромен респект говореше за противникот, повикувајќи на ферплеј однесување иако му е јасно дека натпреварот ќе биде исполнет со борба и жестоки дуели.

„Хрватска има навистина огромна ракометна историја. Секогаш, освен кога имаат проблеми со повреди, се меѓу главните кандидати најмалку за полуфинале, ние сме свесни за квалитетите на овој противник што максимално го почитуваме. Дуелите меѓу Хрватска и Словенија секогаш се специјални, така што моментната форма не е толку важна. Пред нас е ново финале, противникот има извонреден напад и одлична транзиција. Ќе мораме да бидеме многу организирани, свесни сме дека не чека „машки натпревар“. На крајот, нека победи подобриот, а она што јас лично го посакувам е без оглед на битката на теренот, да го сочуваме нивото на почит. Сепак, ние сме соседи и треба да останеме пријатели и по овој натпревар“, изјави Зорман.

Дуелот меѓу Словенија и Хрватска на програмата е утре со почеток во 18 часот.

Се вчитува...