Јувентус минатата сезона ја заврши во топ 4 екипите, и избори место во Лигата на шампионите за следната сезона. Екипата се подготвува за настап во најелитното европско натпреварување, а веќе работи на средување на играчкиот кадар. Беше донесен голманот Ди Грегорио од Монца, а сега се работи на задржување на дел од играчите од сегашниот играчки кадар.
Глеисон Бремер е еден од оние кои се поврзуваше со трансфер ова лето. Манчестер Јунајтед беше сериозно заинтересиран за услугите на стоперот, меѓутоа тој нема намера да си замине од Јувентус.
„Да одам во топ клуб? Јас сум веќе дел од топ клуб, јас сум во Јувентус. Мислам дека ќе ги направиме нештата подобри идната сезона. Тиаго Мота е одличен тренер и мислам дека е одличен избор за нашиот тим“, изјави Бремер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА