Новак Ѓоковиќ продолжи со доминацијата во „белиот спорт“ и во 2023 година во која се закити со три грен-слем трофеи, а беше дел и од финалето на четвртиот. Но, и покрај бројните надминати рекорди српскиот тенисер и понатаму не е најомилен за фановите.
Според францускиот тренер Патрик Муратоглу причината за тоа е прекинот на доминацијата на Рафаел Надал и Роџер Федерер.
„Рафа и Роџер беа најголемите ѕвезди на тенисот. Новак дојде и ги победи и двајцата. Фановите затоа го мразат. Го исврикуваат и од други причини. Ѓоковиќ не сака негативна енергија, но и тој понекогаш ја провоцира публиката бидејќи му помага во текот на мечот. Не смееме да заборавиме дека има 14 милиони следбеници на Инстаграм. Тој е јунак во Србија. Најголемото тениско име и навистина ќе ми недоставува кога ќе ја заврши кариерата“, изјави Французинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

