Зошто и кого лаже Вардар – Бешикташ демантира соработка со „црвено-црните“!?

Вардар испадна од елитното друштво. во меѓувреме доби и нова управа, но и овие челници на „црвено-црните“ продолжуваат по патот на своите претходници, со лаги манипулирајќи ја јавноста.

Овојпат причината е сосема банална, „вардарци“ во текот на викендот се пофалија дека се сретнале со шефот на скаутинг службата на Бешикташ, при што била дооворена долгогодишна соработка меѓу двата клуба.

Ќе беше сосема во ред, уште да беше вистина. Бидејќи само неколку дена подоцна следеше и официјален демант од Бешикташ, чија управа демантираше соработка со најтрофејниот македонски клуб.

„Веста за договор за соработка меѓу нашиот клуб и македонскиот клуб Вардар не е вистинита. Ги замолуваме нашите навивачи да не веруваат во вакви вести“, објави Бешикташ.

Останува прашањето зошто воопшто се креира лага за соработка со турскиот гигант, во ситуација кога сите напори треба да се вложат кон консолидирање на тимот и на клубот во целина, а не кон креирање на лажна „розова“ слика, нешто на што бевме сведоци и во изминатиот период, а го доведе Вардар на работ на амбисот.

Се вчитува...