Арсенал испушти значајни бодови во битката за титула во Премиерлигата откако во 33. коло загуби на домашен терен од Астон Вила во 2-0 во кој „топчиите“ беа подобар противник во првото полувреме, но потполно потфрлија во второто по што следеше казна во само три минути.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета по натпреварот одговараше на новинарски прашања, а едно од нив беше поврзано со изборот на фудбалери. Шпанецот беше запрашан зошто шанса доби Тросард пред Мартинели по што следеше дрзок, но брутално искрен одговор.
„Затоа што јас сум тренер и јас одлучувам кој ќе игра“, истакна Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА