Зошто Мартинез не беше исклучен иако доби втор жолт картон за време на пенал-рулетот!? (ВИДЕО)

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез доби два жолти картони на синоќешниот натпревар против Лил во Конференциската лига на УЕФА, но не беше исклучен од игра.

Астон Вила обезбеди полуфиналето од Конференциската лига по подобрата пенал серија. Мартинез, пак, првиот жолт картон го доби во 39.минута за време на регуларниот дел од мечот, а вториот во текот на пенал-рулетот. Откако одбрани еден удар, аргентинскиот голман упати провокација кон навивачите на Лил, почна да ги замолкнува, судијата му покажа нов жолт картон, но не го исклучи.

Во тие моменти речиси сите чекаа Мартинез да биде исклучен бидејќи тоа му е втор жолт картон, но тоа не се случи, затоа што според правилото кое малкумина го знаат – во пенал серијата не важат жолтите картони добиени во текот на 90 или 120 минути!

Интересно, и самиот голман не го знаеше правилото, па изгледаше збунето очекувајќи да ја напушти играта. Но, ете остана во игра и на крај беше и херој на Астон Вила.

Martinez yellow card vs Lille in the penalty shootout
byu/Chelseatilidie insoccer

Се вчитува...