Лионел Меси е вистинска напаст за противничките дефанзивци со години наназад, а тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, откри што го прави Аргентинецот толку посебен. Имено, Валверде во интервју за „Тајмс“ обелодени дека Меси настојува во почетните минути од натпреварите што помалку да ја има топката во своите нозе, за да може да ги анализира противниците.
„Кога дојдов, на првите неколку натпревари бев зачуден како Лео Меси воопшто нема контакт со топката во првите минути, не им се нуди на соиграчите. Тоа не е секогаш случај, некогаш топката ќе дојде до него, но ако го анализирате тој во почетните фази од натпреварите, тој секогаш е скриен меѓу противниците. Зошто? Бидејќи сака да оди околу одбранбената линија, да ги забележи нејзините слабости, да види како се движат дефанзивците… и потоа за неколку минути во главата да скрои стратегија како да ги порази. Едноставно фасцинантно“ – истакна Валверде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА