Новак Ѓоковиќ лани беше елиминиран во осминафиналето од Австралија Опен, па најновиот пехар во Мелбурн ќе му донесе на српскиот ас нови 1.820 поени на АТП-листата, со што тој ќе се зацврсти на врвот на листата на најдобрите светски тенисери. Зад Ѓоковиќ на оваа ранг-листа останува Рафаел Надал, кој ќе стане на второто место, со заостнаување од над 2.600 АТП-поени.
Од најновата АТП-листа, која официјално ќе биде објавена утре, најразочаран ќе биде Роџер Федерер, со право ако се знае дека од третото ќе падне на шестото место. Швајцарскиот ас лани беше шампион на овој гранслем турнир, годинава испадна во осминафиналето, што значи и губење на 1.820 бода. Со самото тоа, Федерер е престигнат од Зверев, Дел Потро и Андерсон, кои и самите немаа позначаен резултат во Мелбурн (Дел Потро воопшто не учествуваше), но профитираа од раната елиминација на Швајцарецот.
Така, Федерер од утре ќе биде шесторангиран светски тенисер, а листата од најдобрите 10 ќе ја комплетираат Нишикори, Тим, Иснер и Чилиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА