Зошто на Јунајтед не му свират пенали? За Солскјер виновен е Јирген Клоп…

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на прес-конференцијата во пресрет на мечот од Премиерлигата против Астон Вила говореше за следниот предизвик, но и за случувањата во последните два дуела против Вест Хем.

Имено, норвешкиот стратег се пожали за односот на судиите кон неговиот клуб. Како што вели Солскјер на последните два меча Јунјатед требал да добие три пенали, а судиите не свирнале за изведување од белата точка поради Јирген Клоп!

„Може да се надеваме дека ќе го добиеме она што го заслужуваме против Астон Вила. Требаа да ни досудат три пенали во последните два натпревари, но еден тренер кој претходната сезона почна да се грижи за бројот на досудени пенали на Јунајтед им отежна на судиите за носење на ваква одлука. Има големи промени во критериумите од тогаш до сега“, изјави Солскјер.

И покрај тоа што норвешкиот стратег не го именуваше колегата, јасно е дека станува збор за Јирген Клоп кој во јануари јавно ги критикуваше судиите за бројот на досудени пенали во полза на „црвените ѓаволи“.

„Јунајтед доби повеќе пенали во последните две години отколку ние за пет и пол години“, изјави тогаш предводникот на Ливерпул.

Се вчитува...