Зошто не играше Филип Миркуловски?

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонија претрпе тежок пораз од Шпанија во првиот натпревар од главната фаза на ЕП. Уште по првите десетина минути, македонската репрезентација остана без капитенот Кире Лазаров, а до крај на клупата остана и Филип Миркуловски, па целиот тобвар во нападот остана на помладите играчи во националниот тим.

Причината поради која Миркуловски не се појави на терен, како што рече селекторот Раул Гонзалес, е негова поштеда во веќе загубениот меч и чување на неговите сили за наредните два натпревари.

Кога видовме дека губиме шест разлика, јас преферирав, да одмори и да го чувам за следните натпревари. После не чекаат уште два натпревари со Чешка и со Данска. Миркуловски е така-така, и јас преферирав да се одмори. Без Киро Лазаров немавме шанса да победиме. Против Шпанија тоа е многу тешко. Играме против Чешка и тогаш Миркуловски ќе може да игра“ – рече Раул Гонзалес на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...