Зошто не шутираше Роналдо: Бруно ја зеде топката и го изведе пеналот „во облаци“

Оле Гунар Солскјер пред денешниот натпревар јавно се пожали зошто не биле судени пенали за Манчестер Јунајтед, по што Мајк Дин покажа на белата точка за „црвените ѓаволи“ во 91. минута од мечот со Астон Вила.

Сепак, и тоа не беше доволно за Јунајтед да постигне гол откако Бруно Фернандеш ја зеде топката пред Кристијано Роналдо, а потоа го изведе својот најлош пенал во кариерата, шутирајќи високо над голот.

За комплетирање на очајниот ден на „црвените ѓаволи“, но најверојатно и последен пат Бруно да изведе пенал пред Роналдо.

Се вчитува...