Килијан Мбапе јасно стави до знаење дека нема намера да се пресели во Саудиска Арабија откако францускиот ас воопшто не дојде на договорената средба со челниците на Ал Хилал, кои допатуваа во Париз специјално за да се обидат да го убедат да ја прифати нивната мегапонуда со која би станал најскап и најплатен фудбалер во историјата на овој спорт.
Од ваквиот исход разочарани се челниците на ПСЖ, кои ќе заработеа 300 милиони евра од овој трансфер, но односот на Мбапе му создава сериозни проблеми и на Наполи бидејќи Ал Хилал сега вниманието го насочува кон ангажман на Виктор Осимен.
Јасно е дека овој клуб е решен да доведе голгетер од највисока класа, а весникот „Кориере спорт“ најавува дека во наредните денови може да се очекува тотална офанзива по Осимен. Наполи инсистираше на отштета од над 150 милиони евра која беше превисока за европските клубови, но јасно е дека парите не се проблем за богатите газди на Ал Хилал, кои ќе му понудат и на самиот Осимен најмалку пет пати повисока плата од онаа што му ја нуди Наполи за да потпише нов договор со италијанскиот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА