Зошто останатиот дел од светот го стигнува САД? Браун вели: Поради патиките

Американската кошаркарска репрезентација во минатото прелесно стигнуваше со златен медал на едно големо натпреварување, но во последните години има се поголема конкуренција. На Светското првенство во 2023 година ја освои само бронзата, а на Летените олимписки игри во Париз се наоѓаше пред елиминација од Србија.

Актуелниот МВП на финалната серија од НБА лигата, кошаркарот на Бостон Селтик, Џејлен Браун има интересен одговор која е причината за тоа.

„Мислам дека индустријата на обувки има преголема контрола на што треба да биде темелот на кошарката. Во младите категории е истото. Децата денеска мораат да се грижат за тоа дали ќе играат добро на натпреварувања на Адидас или Најк, а би требало само да ги развиваат кошаркарските вештини.

Наместо тоа, повеќе се фокусираме на политиката поврзана со патики, и мислам дека останатиот дел од светот не стигна. Ако не направиме нешто во врска со тоа, следните Олимписки игри или глобални натпреварувања ќе изгледаат многу различно“, вели Браун.

Се вчитува...