Зошто пропадна трансферот на Рабио во Манчестер Јунајтед? Мајка му поставила нереални барања…

Манчестер Јунајтед извиси и во трансферот на Адријан Рабио и покрај тоа што постигна договор со Јувентус за премин вреден 20 милиони евра. А, за тоа е виновна мајката на Французинот, Вероника која е негов агент бидејќи на масата поставила нереални барања.

Според пишувањето на „Калчомеркато“, агентката побарала плата од 10 милиони по сезоната, која не претставувала проблем за Манчестер Јунајтед, но истите настанале по дополнителните барања за бонуси на истата во текот на целиот договор кој би траел четири или пет години.

Притоа Вероника Рабио побарала и помеѓу осум и десет милиони евра како премија и провизија кои го довеле англискиот клуб до одбивање на трансферот.

Се вчитува...