Почетокот на сезоната во Формула 1 го одбележа поделбата меѓу возачите во врска со поддршката за анти-расистичкото движење во САД. Воочи трката поголемиот дел од возачите предводени од Луис Хамилтон клекнаа, но шестмина останаа да стојат. Шарл Леклер, Макс Ферстапен, Данил Квјат, Карлос Сајнц, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци стоеја зад колегите кои беа клекнати. Дел од возачите кои решија да не клекнуваат ги ноеа маиците со лого за расна еднквост и објаснија дека се залагаат за недискриминација, но оти сметаат дека имаат паво на личен избор на изразување на ставот.
„Тоа и понатаму е силна порака, без разлика дали клечиме или не, тоа нема да го промени светот. Никогаш од никого не побарав да клечи, никој не треба да го присилуваш на тоа. Никад не го ни започнав тоа. Тоа го почна ФИА. Секој има право на свој личен избор, а јас знам дека тоа е исправна работа“, изјави Хамилтон.
Сите возачи носеа маички „Крај за расизамот“, освен Хамилтон кој на неговата маица имаше натпис „Црните животе се важни“. На ГН на Австрија триумфираше Финецот Валтери Ботас, пред Шарл Леклер од Ферари и Ландо Норис од Мекларен, додека актуелниот шампион Луис Хамилтон поради казна од пет секунди заврши само четвртти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА