Зошто Сити не може до успех во ЛШ? Африканско проклетство го следи Гвардиола – „Господ се гледа“

Уште една пропадната сезона во Лигата на шампионите за Манчестер сити, по сензационалната елиминација во четвртфиналето од Лион.

Пеп Гвардиола веќе девет години чека на нова титула во Лигата на шампионите. Шпанецот изминативе четири години не може да дојде ниту до полуфиналето со Сити. Сето тоа, дел од англиските медиуми, го поврзуваат и со „африканското проклетство“ кое го следи Гвардиола.

Украинскиот фудбалски агент Дмитриј Селук во интервју во 2018 година насочи „клетва“ кон Пеп откако шпанскиот стратег се одлучи да ги избрка Јаја Туре од клубот.

„Господ се гледа. Тоа што тој човек му направи на Јаја, легенда на клубот, кого под разни изговори го исфрли од тимот без ниту најмала шанса на терен. Пеп ја насочи цела Африка против себе со тоа што му го правеше на Јаја, многу африкански навивачи сега со омраза гледаат на Манчестер сити“ – изјави тогаш менаџерот на Туре, дополнувајќи:

„Сигурен сум дека многу африкански шамани нема да дозволат во иднина Гвардиола да ја освои Лигата на шампионите. Ќе биде тоа африканска клетва за Гвардиола. Животот ќе покаже дали сум во право или не“ – изјави Селак во 2018 година.

И две години потоа африканското проклетство за Пеп се уште трае….

 

Се вчитува...