Зошто Скоти Пипен не се пресели во Лос Анџелес Лејкерс?

Поранешниот генерален менаџер на Лос Анџелес Лејкерс, Џери Вест објасни зошто Скоти Пипен не премина во клубот од ЛА на крајот во 1999 година. По распадот на легендарната генерација на Чикаго Булс и заминувањето на Мајкл Џордан во пензија, Скоти Пипен една сезона беше дел од Хјустон Рокетс. Тренерот на Булс, Фил Џексон премина во Лос Анџелес Лејкерс каде со Коби и Шек успеа да создаде нова династија во најсилната кошаркарска лига во светот.

„Јас го почитувам Скоти многу за тоа што направи во кариерата. Имаше шампионско искуство и одлична соработка со Фил во Чикаго. Но, ако искрено мене ме прашувате иако многу се говореше по медиумите, јас ниту во еден момент не побарав состанок со него и неговиот агент. Имав млад тим со Коби и Шек и на крај се покажа дека го направив вистинскиот избор бидејќи освоивме три прстени“, вели Вест. 

Лејкерс доминираа со НБА лигата на стартот на 21. век освојувајќи три последователни титули во периодот од 2000 до 2002 година, а 2004 во финалето беа сопрени од Детроит Пистонс, серија по која Шекил О’Нил одлучи да замине од Лос Анџелес.

Скоти Пипен по Хјустон помина четири години во Портланд, а НБА кариерата ја заврши во својот Чикаго во 2004 година.

Се вчитува...