Зошто Вејн Руни го избра бројот „32“ во Дерби Каунти?

Легендарниот англиски репрезентативец, Вејн Руни од јануари ќе стане нов фудбалер на Дерби Каунти, клуб со кој пред некој ден потпиша договор.

Интересно е дека Руни во клубот ќе го носи дресот со број „32“, а причината поради тоа е едноставна. Спонзор на клубот е обложувалницата „32ред“, а токму компанијата ќе ја исплаќа платата на Руни која ќе изнесува 92.000 фунти. Сепак, оваа одлука нема да ја израдува сопругата на Вејн, Колен, бидејќи Англичанецот е познат како човек кој сака да потроши голема сума на пари во казино.

„Се радуваше на враќањето во Англија, но ова со обложувалницата фрли се во вода. Таа и семејството на Вејн се загрижени поради договорот и сметаат дека тој ќе се врати на старите навики, коцкањето“, говори извор близок до семејството. 

Руни во 2017. година во едно казино во Манчестер за една ноќ изгуби милион фунти, а самиот фудбалер уште во 2006. година призна дека има проблеми со коцкањето.

Се вчитува...