Пред самиот финиш на натпреварот на Тренинг центарот на ФФМ помеѓу Вардар и Башкими, зовреа страстите на двете страни. Се почна после еден старт на Матиќ, кој доби жолт картон, а потоа црвен картон заработи Реџеп Мурати од Башкими.
Стоперот на кумановскиот тим беше во неверување зошто му беше покажано исклучување. Капитенот Алими потоа се упати кон клупата, по што се судрија и двете клупи.
Не е јасно дали Башкими ќе го продолжи мечот, или, пак, ќе се повлече од теренот поради овие одлуки. Судијата Бењамин Ќерими изврши разговор и со двајцата капитени. Кумановци размислуваа да се повлечат и да не ги доиграат последните минути, но на крајот излегоа на терен и мечот ќе продолжи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

