Непотребен инцидент на крајот на натпреварот меѓу Гостивар и Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Откако фудбалерите на двата тима одиграа максимално коректен натпревар, со возбудувања до самиот финиш, на крај сосема непотребен инцидент меѓу играчите, кој за среќа брзо беше смирен.
Гостивар и Вардар на крај ремизираа (1-1) на дуелот кој, со одлука на домаќините, се одигра без присуство на навивачи.
Вардар првпат сезонава беше воден од Срѓан Захариевски кој успеа да остане непоразен на дебито на клупата на најтрофејниот македонски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА