Хрватскиот центар на Лос Анџелес Клиперс, Ивица Зубац во интервју за шпанскиот „Мундо Депортиво“ говореше на повеќе теми. Една од нив беше и времето поминато во Европа, во српскиот тим Мега каде настапуваше во 2016 година пред да се пресели во НБА.
Хрватот имаше пофални зборови за Мега, откри како функционираат работите во Европа, а и не го заборави прерано починатот Дејан Милојевиќ кој вели дека му недостасува и ден денеска.
„Во Европа тренерите се плашат од отказ и затоа не играат со млади играчи, преферираат искусни. Во Мега е друго, таму се само млади играчи со врвни тренери. Се посветуваат на индивидуалниот учинок и им веруваат на младите“, изјави убац кој се осврна и кон прерано починатиот Србин.
„Пред се феноменален човек, еден од најдобрите кои сум ги запознал во животот. Фантаситчен тренер и неверојатен играч кој разбираше како играат центрите, имаше неверојатно движење со нозе. Затоа и Мега произведе толку големи играчи бидејќи тој работеше со нив поединечно.
Дури и кога си замина од Мега одржувавме контакт, ги гледаше нашите натпревари, ни праќаше поради, ни ѕвонеше, ни го даваше своето мислење за учиноците и што можеме да поправиме. Беше неверојатен човек, многу ми недостасува“, вели Зубац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

