Зубименди го откачи Ливерпул, останува во Реал Сосиедад

Арне Слот остана без посакуваното засилување како свој прв трансфер во Ливерпул откако Мартин Зубаменди одлучи да ја одбие понудата на англискиот гигант и да остане во Реал Сосиедад.

Преговорите меѓу „црвените“ и шпанскиот репрезентативец траеја неколку седмици, тој начелно ги имаше прифатено условите за преселба на „Енфилд“, а Ливерпул беше подготвен да ја плати клаузулата од 58 милиони евра за да го откупи договорот со Реал Сосиедад. Сепак, управата на баскијскиот клуб во меѓувреме му понуди нов договор на Зубаменди, по што иако таа понудена плата беше далеку пониска од понудата на Ливерпул, фудбалерот за врска реши да остане меѓу сино-белите од Сан Себастијан.

Ова претставува шок за директорите Мајкл Едвардс и Ричард Хјуз кои планираа ерата „По Јирген Клоп“ да ја почнат токму со ова засилување. Слот не крие дека му е потребна свежа крв во тимот, а се очекува Ливерпул до крајот на овој преоден рок да ангажира најмалку две нови имиња, еден последен играч за врска и еден централен дефанзивец.

Се вчитува...