Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди се кае за одлуката да го одбие Ливерпул, и да остане во Шпанија. Според информациите од Шпанија, тој веќе побарал во јануари трансфер на „Енфилд“, и практично испратил порака на англискиот тим одново да испрати понуда.
Зубименди беше главна цел на Ливерпул во текот на летото, а тимот од „Енфилд“ се подготвуваше да ја плати неговата откупна клаузула од 60 милиони евра, но на крајот самиот тој се реши да остане во Сан Себастијан.
Ливерпул сега се потпира се повеќе на Рајан Гравенберх кој игра добро. Неговиот настап можеби ќе го премисли тренерот Арне Слот во идејата да тргне по Зубименди, кој на крајот може да остане без трансфер, со оглед дека шансата ја пропушти пред еден месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА