Зука и Велиу, сепак, остануваат во Ренова

И покрај претходните најави за разделба со „гипсарите“, Фисник Зука и Башким Велиу и следната сезона остануваат во редовите на Ренова.

Крилните дефанзивци, по вториот обид, на крајот се договорија за продолжување на договорите со тимот од Џепчиште на по уште една година.

На тој начин, Ренова го затвора прашање за левата и десната бековска позиција. Зука во редовите на Ренова пристигна од албанскиот Фљамуртари, а претходно во кариерата настапуваше и за Шкупи.

Се вчитува...