Зума искрено: Мурињо еднаш ми кажа дека сум „ѓубре“

Дефанзивецот на Челси, Курт Зума, во разговор за британските медиуми говореше за односот со поранешниот менаџер на клубот од „Стемфорд бриџ“, Жозе Мурињо.

„Не знам точно против кого игравме, но знам дека загубивме 3-1. Следниот ден Мурињо ме одведе во својата канцеларија и ме праша дали сум добар? Јас му одговорив дека сум, но потоа следуваше прашање дали сум сигурен во тоа? Повторно му одговорив да, на што тој ми возврати – Те прашувам, бидејќи оваа седмица си ѓубре. Ми кажа директно. Тоа ме шокираше, но ми помогна многу, веднаш ги подобрив моите игри“, изјави Зума. 

Тој во 2014 пристигна во Лондон и тоа на барање токму на Жозе Мурињо кој тогаш беше тренер на Челси, а го доведе од редовите на францускиот прволигаш Сент Етјен.

Се вчитува...