Зума остана без мачката и без 250.000 фунти, Вест Хем го загуби спонзорот

Дефанзивецот на Вест Хем, Курт Зума е казнет од страна на клубот со двонеделна плата поради инцидентот со мачката која му го одзеде Кралското здружение за заштита на животните.

На овој потег здружението се одлучи откако Зума постави снимка на која ја шутира мачката. Тој е казнет од клубот со двонеделна плата која изнесува 250.000 фунти, а средствата ќе бидат уплатени на сметка на здружението.

Иако клубот брзо реагираше, сепак не успеа во потполност да ја анулира штетата која му ја нанесе глупоста на дефанзивецот. Вакви случки штетат на имиџот на клубот, а тоа со себе носи проблеми со спонзорите. Еден од нив осигурителното друштво „Виталити“ одлучи да го суспендира спонзорскиот договор со тимот од Лондон. Исто така и самиот Зума остана без спонзор откако компанијата за спортска опрема „Адидас“ објави дека го прекинала договорот со Французинот.

Се вчитува...