Зверев без проблеми до трето коло на УС опен

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Александар Зверев се пласираше во третото коло на последниот гранд-слем турнир во сезоната, откако денеска во меч од втората рунда беше подобар од Французинот, Александре Мулер со максимални 3-0, по сетови 6-4, 7-6 и 6-1.

Во третото коло Зверев за противник ќе го има Томас Мартин Ечевери кој во маратонското аргентинско дерби славеше над Франциско Черундоло со 3-2, по сетови 6-3, 4-6, 6-4, 1-6 и 6-3.

Во третото коло досега пласман на машкиот дел од турнирот обезбедија и: Димитров, Лехечка, Грикспор, Накашима и Тиефо. На женскиот дел од турнирот пласман во 3. коло обезбеди олимписката шампионка, Шивен Женг која беше подобра од Русинката, Ерика Андреева со 2-1 (6-7, 6-1 и 6-2).

 

Се вчитува...