Зверев дивееше на судијата, па загуби во Минхен

Германскиот тенисер Александар Зверев дивееше кон судијата на мечот со Кристијан Гарин во Минхен.

Дождот оваа недела прави големи проблеми во Баварија, а очигледно судиите тешко се одлучуваат да ги прекинат мечевите, доколку врнежите се со слаб интензитет.

Таква беше судиската оценка за овој четвртфинален натпревар, која доста го изнервира Зверев.

„Во кој момент ќе направиме нешто? Во кој момент? Кажи ми. Нема да правиме ништо цел натпревар? Тогаш завршив. Ќе одиграм уште два гемаи тоа е тоа. Ова е смешно, буквално врне“, рече Зверев.

На крајот Гарин направи изненадување и победи со 6-4, 6-4, а следен ривал ќе му биде Тејлор Фриц.

Се вчитува...