Зверев е најлошиот полуфиналист во историјата на најсилните турнири

Историјата на тенисот е исклучително богата,а  секој што се занимава со овој спорт на врвно ниво сака да заземе место во неа, но не баш во секоја категорија.

На пример, по Ролан Гарос, Александар Зверев стана најнеуспешниот гранд-слем полуфиналист во историјата – меѓу оние кои играле во оваа фаза најмалку десет пати. Во десет обиди само два пати се пласирашево финалето и се уште нема стигнато до титула.

Зверев е во опасност еден ден да биде прогласен за најдобар тенисер кој никогаш не освоил гранд-слем титула. На листата од пет играчи кои го следат за најмал процент на победи во полуфиналето, сите освен него имаат по една титула.

Се вчитува...