Најдобриот германски тенисер на денешницата и трет рекет во светот, Александар Зверев е прв полуфиналист на првиот АТП мастерс турнир од серијата 1000 кој се игра во Монте Карло.
Германецот на централниот терен во кнежевството во интересен натпревар кој траеше скоро три часа славеше против младата бразилска сензација Жоао Фонсека со 2-1, по сетови 7-5, 6-7 и 6-3.
Во полуфиналето Зверев го чека подобриот од дуелот меѓу Италијанецот, Јаник Синер и Канаѓанецот, Феликс Оже-Алиасим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

