Александар Зверев е првиот финалист на АТП шампионатот во Лондон откако по голема битка успеа да слави над Роџер Федерер со 2-0 во сетови. Иако многу помлад од денешниот ривал, Зверев покажа поголема смиреност во клучните моменти, максимално користејќи ги грешките на големиот ас на патот кон своето прво финале на завршните турнири.
Првиот сет беше максимално израмнет се до самиот крај, па кога при 6-5 за Зверев се очекуваше рутински сервис-гејм на Федерер следеа четири пени во низа на Германецот на сервис на противникот и водство од 1-0 во сетови.
Швајцарскиот ас направи брејк на самиот почеток од вториот сет, но веќе во наредниот гејм Зверев возврати, по што се играше сигурно на свој сервис се до тајбрејкот. А таму потклекна Федерер. При 5-4 за Зверев и сервис на Федерер, швајцарскиот ас еден лесен волеј смести во мрежата, по што го загуби тајбрејкот со 7-5.
Противник на Зверев во големото финале ќе биде победникот од вечерашната пресметка меѓу Ѓоковиќ и Андерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА