Еден од најдобрите тенисери на денешницата Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на АТП мастерс 1000 турнирот кој се игра во канадски Торонто.
Зверев во четвртфиналето славеше над актуелниот шампион (од турнирот лани во Монтреал), Александер Попирин со 2-1, по сетови 6-7. 6-4 и 6-3.
Во полуфиналето Зверев за противник ќе го има Русинот, Карен Хачанов кој славеше над Микелсен од САД со максимални 2-0 (6-4 и 7-6).
Првата полуфинална двојка на женскиот канадски мастерс кој се игра во Монтреал ја сочинуваат Елена Рибакина и домашната сензација Викторија Мбоко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

