Првиот носител на турнирот во Мајами, Станислас Вавринка, доживеа елиминација во осминафиналето, откако загуби со 2-1 во сетови од германскиот тинејџер Александер Зверев. Тој го доби првиот сет со 6-4 во гемови, но потоа потполно се распадна неговата игра, дозволувајќи му на Зверев дури пет пати да го одземе неговиот сервис. Клучен беше вториот сет, кој Зверев го доби со 6-2, а Вавринка не успеа да се врати ниту во решавачкиот трет сет. Германецот го доби со убедливи 6-1 во гемови и се пласира во четвртфиналето.
Меѓу осумте најдобри во Мајами е и Роџер Федерер. Тој успеа да слави со 2-0 во сетови против Роберто Баутиста Агут. Но, Шпанецот даде силен отпор и двата сета ги загуби во тај-брејк. Во првиот Федерер славеше со 7-5 на поени, а во вториот му дозволи на Баутиста Агут четири поени во 13.игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА