Александар Зверев стигна до својата втора победа на АТП-шампионатот во Лондон, откако попладнево триумфираше во пресметката со Џон Иснер, совладувајќи го „американскиот џин“ со 2-0 во сетови.
И двајцата тенисери сервираа беспрекорно во првиот сет, кој беше решен во тајбрејк. На крајот пресуди една неизнудена грешка на Иснер, кој го упати топчето во аут, за водство на Зверев од 1-0.
Самодовербата кај младиот Германецот по овој освоен сет дополнително се зголеми, па Зверев успеа да направи и брејк во вториот сет, по што славеше со конечни 6-3, за сигурен пласман во полуфиналето од завршниот турнир. Таму Зверев ќе се сретне со Роџер Федерер, додека Новак Ѓоковиќ без оглед на исходот на вечерашниот меч со Чилиќ е првопласиран во групата, па за противник во полуфиналето ќе го има Андерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА