Зверев го совлада Алкараз и му ја сведе на минимум шансата за полуфинале

Германскиот тенисер Александар Зверев стигна до третата победа во групната фаза на АТП завршниот турнир во Торино, откако денеска во првиот меч од програмата славеше над Карлос Алкараз со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-4.

Со овој триумф шансите на Алкараз за пласман во полуфиналето се сведоа на минимум, бидејќи во вториот меч денеска во кој се среќаат Каспер Руд и Андреј Рубљов, Русинот ќе мора да победи со 2-0, но и да му дозволи што помалку освоени гемови на норвешкиот тенисер.

Дуелот меѓу Руд и Рубљов е закажан за 20.30 часот.

Се вчитува...