Зверев и Медведев ќе играат во полуфиналето на АТП турнирот во Хале

Германскиот тенисер Александар Зверев беше подобар од Флавио Коболи во четвртфиналето на АТП турнирот во Хале. Зверев победи со 6-4, 7-6 (6), по еден час и 43 минути игра.

Саша успеа да го победи Коболи, како и неодамна на Ролан Гарос, со максимален резултат, па сега во полуфиналето ќе се соочи со Данил Медведев, кој го елиминираше Алекс Микелсен.

На почетокот од средбата со Коболи, Зверев имаше проблем со стомакот, поради што се стрча кон тоалетот на средина од вториот гем. Во првиот сет, брејк во првиот гем му беше доволен, додека во продолжението мораше да игра тај-брејк.

Се вчитува...