„Зверев има ментални проблеми“

Чичкото и поранешниот тренер на славниот Шпанец Рафаел Надал, Тони нема да биде новиот тренер на германскиот ас Саша Зверев.

По шокантната елиминација од Вимблдон, Зверев соработуваше со искусниот стручњак во неговата тениска академија, па брзо почнаа да кружат приказни за потенцијална соработка. Сепак, Надал сепак ја одбил понудата на Зверев,

Зверев неодамна доживеа вистински шок на Вимблдон, бидејќи беше елиминиран во првото коло од Артур Риндеркнеш, а Тони тврди дека ја знае причината за неуспехот.

„Тој има ментален проблем. Да погледнеме на минатата година и натпреварот со Карлос Алкараз на Ролан Гарос кога го доби третиот сет и го започна четвртиот… Тоа беше моментот кога откри каков е против Алкараз, одличен играч. Во тој момент, целото внимание е насочено кон тебе, а Зверев во првиот гем од четвртиот сет има проблеми со својот тим, има расправија и за 10 минути беше 4:0 или 4:1 за Карлос. Се случува. Не сакам да зборувам лошо за Зверев, го ценам, само тоа мора да се промени“, изјави Надал. 

Се вчитува...