Легендарниот Борис Бекер верува дека Александар Зверев направил грешка кога решил јавно да зборува за своите проблеми со менталното здравје.
Зверев зборуваше за тоа по шокантната елиминација во првото коло на Вимблдон.
„Александар Зверев ми е како посвоен син во светот на спортот, имам многу емпатија кон него. Да бев негов тренер, би го советувал да не открива информации за неговата ментална состојба на прес-конференцијата на Вимблдон. Не е најдобро да се отвориш кон светот кога си елиминиран во првото коло на гранд-слем“, рече Бекер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

