Зверев: Очигледно не сум добар да го освојам трофејот

Најдобриот тенисер во светот, Италијанецот, Јаник Синер ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија, откако денеска во големото финале без проблеми, со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 6-3 славеше над Германецот, Александер Зверев.

Германецот по мечот емотивно говореше…

„Страшно е да стоиш покрај овој трофеј и да не го држиш во рака. Ти си најдобриот играч на светот, посакувам да бев поконкурентен. Честитки за тебе и твојот тим, никој не го заслужува овој трофеј повеќе од тебе. Очигледно не сум доволно добар за да го освојам трофејот на гранд-слем турнирите. Тоа е тоа. Таква е ситуацијата. Благодарам на сите што се со мене. Не би бил тука без вас“, изјави Зверев. 

Се вчитува...