Александар Зверев ја забележа првата победа на годинашното издание на завршниот турнир на осумте најдобри тенисери во Лондон откако во стартната рунда од групниот сегмент го победи Марин Чилиќ со 2-0 во сетови.
Зверев и Чилиќ ја продолжија традицијата неизвесни пресметки, па победникот беше решен по двата сета во кои имаше тај-брејк. На почетокот од мечот Зверев изгледаше изгубено бидејќи хрватскиот тенисер имаше водство од 3-0 во гемови, но Германецот се врати и го одведе сетот во тај-брејк кој го освои со 7-5. Во вториот сет Зверев беше доминантен во тај-брејкот кој го освои со 7-1.
На вториот дуел во оваа конкуренција во вечерниот термин турнирот ќе го почне првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ кој во првото коло се среќава со Џон Иснер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА