Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Александар Зверев победнички го стартуваше својот настап на АТП завршниот турнир кој годинава се игра во италијанскиот град Торино.
Германецот во првото коло славеше против рускиот тенисер Андреј Рубљов со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.
Во првиот меч од оваа група нешто порано денеска, Каспер Руд го изненади Карлос Алкараз (6-1 и 7-5).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА