Зверев преку Циципас до полуфинале во Париз

Германскиот тенисер Александар Зверев е првиот полуфиналист на АТП мастерсот од серијата 1000 кој се игра во Берси арената во Париз. Германскиот тенисер во првото четвртфинале со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-4 славеше над грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

Зверев во полуфиналето го чека подобриот од дуелот меѓу Данецот, Холгер Руне и Австралиецот Алек де Минор.

Втората полуфинална двојка ќе ја дадат дуелите меѓу: Григор Димитров од Бугарија и Русинот Карен Хачанов, како и Џордан Томпсон од Австралија и домашната надеж Иго Умбер.

Се вчитува...