Германскиот тенисер Александар Зверев, имаше потешкотии да стигне до пласманот во следната фаза на првиот грен-слем годинава Австралија Опен, откако тесно со 3-2 го елиминираше британскиот тенисер Камерун Нори. На Зверев му требаа три водства, откако најпрво поведе со 7-5, а потоа во третиот сет со 6-3, но Нори се враќаше, за на крајот со тај-брејк Зверев да го совлада протвиникот и да им се приклучи на останатите четвртфиналисти.
Такви проблеми немаше Карлос Алкараз, кој со 3-0 во сетови го „збриша“ Кецмановиќ, и обезбеди место меѓу најдобрите осум на Австралија Опен. Шпанецот ги доби сетовите со 6-4, 6-4 и 6-0 на патот кон следната фаза.
Зверев и Алкараз така им се приклучија на Ѓоковиќ, Фриц, Синер, Рубљов, Хуркач и Медведев меѓу најдобрите осум во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

