Зверев се провлече со Милман, Азаренка подобра од шампионката од 2017

Германскиот тениср, Александер Зверев се пласираше во второто коло на Ролан Гарос, откако во трилер натпревар во пет сета го совлада Џон Милман од Австралија. Петтиот носител одлично го почна натпреварот добивајќи ги првите два сета со 7-6 и 6-3. Потоа следуваше пад на младиот Германец, кој го искористи Милман освојувајќи ги следните два сета со 6-2 и 7-6.

Последниот сет до резултат 3-3 беше израмнет, но сепак на крајот Зверев успеа да го скрши отпорот на Австралиецот добивајќи го одлучувачкиот сет со 6-3. Во следното коло тој ќе се сретне со квалификантот од Шведска Микаел Имер. Пласман во второто коло во машка конкуренција обезбеди и победникот од Монте Карлон, Фабио Фоњини кој во италијанското дерби беше подобар од Андреас Сепи со 3-1 (6-3, 6-0, 1-6 и 6-3).

Кај дамите пласман во второто коло забележаа Викторија Азаренка која во дербито на денот ја совлада освојувачката на турнирот од пред две години, младата Летонка Јелена Остапенко со 2-0 (6-4 и 7-6).

Се вчитува...