Зверев со маратонски тај-брејк се пласираше во 1/8 финалето

Четвртиот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, откако денеска по три сета го совлада Британецот Камерон Нори со 6:4, 6:4, 7:6 (17-15).

До победата над 42. играч на АТП листата стигна по два часа и 30 минути. Зверев во осминафиналето ќе игра против подобриот од дуелот Фрик-Табило.

Пласман во осминафиналето денеска обезбеди 14. тенисер во светот, Американецот Бен Шелтон , кој по три часа и пет минути игра го победи Канаѓанецот Денис Шаповалов со 3:2.

Шелтон во следното коло ќе игра против тенисерот број еден во светот Италијанецот Јаник Синер.

Пласман во осминафиналето денеска обезбедија Австралиецот Алекс Де Минор, Французинот Хуго Ембер и Шпанецот Роберто Баутиста.

Се вчитува...