Александар Зверев покажа зошто важи за предводник на новата генерација врвни тенисери, откако во одлично финале славеше на Мастерс-турнирот во Мадрид над Доминик Тим од Австрија со 2-0 во сетови.
Тим претходно во четвртфиналето го елиминираше големиот фаворит Рафаел Надал, но Австриецот немаше сили за да го земе и скалпот на вториот носител Зверев. Германецот ги доби двата сета со идентични 6-4, 6-4, со што на 21-годишна возраст веќе има три мастерс-титули во својата колекција на трофеи.
Следен предизвик за тенисерите ќе биде турнирот во Рим, каде Рафаел Надал има можност експресно да се врати на врвот на АТП-листата бидејќи лани беше елиминиран во раната фаза од ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА